Неуспехот во Гдањск во квалификациите за Олимпијадата во Рио де Жанеиро ќе донесе сериозни промени во репрезентацијата и самиот врв во ракометната федерација на Македонија.


Селекторот Ивица Обрван заминува, исто така и Наумче Мојсовски, а повлекување најави и првиот човек на федерацијата Живко Мукаетов.

– Изненаден сум од неговата одлука. Се некако наеднаш се случуваат некои работи без да се размисли со ладна глава. Мојсовски и Миркуловски многу ја задолжија репрезентацијата и поставија нови високи стандардни во репрезентацијата. Едноставно не смееме да загубиме таков човек кој за доброто на спортот број еден во Македонија се заложува самиот себеси. Имаме се што посакуваме од неговото доаѓање на чело на РФМ. – рече Кирил Лазаров.

Тој најави дека не се гледа во репрезентацијата ако на чело на РФМ нема сериозни луѓе со високи амбиции.

OhridNews