Кире Лазаров нема да влезе во политиката откако вчера реши да се повлече од советничката листа предложена од неговиот кум Слободан Даневски, кој повторно се кандидира за градоначалник на Свети Николе. Тој изјави дека сепак нема да ја прифати честа што му ја укажал кумот Даневски.

– Јас сум професионален спортист и не сакам да се бавам со политика. Сакам да му се заблагодарам на мојот кум, кој ми направи голема чест со тоа што ме стави како кандидат на својата листа на советници, но не можам да се замислам како политичар – рече вчера Лазаров.Советничката листа на чело со Лазаров е поднесена до Општинската изборна комисија за Свети Николе во пакет со кандидатурата на Слободан Даневски.

>>Kире Лазаров влегува во политиката

– Кире Лазаров се согласи да биде ставен како кандидат и затоа неговото име се најде на советничката листа. Тоа беше направено во договор со него – изјави вчера Даневски. Лазаров, меѓутоа, вчера не сакаше децидно да одговори дали ја дал согласноста да биде кандидиран на советничката листа на својот кум.

Извор “Дневник“