Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна само четири гола (триод пенал) во дерби-дуелот во 4. коло од групата Д во Лигата на шампионите (ЛШ), помеѓу Загреб Кроација осигурање и Сиудад Реал.

Натпреварот кој се одигра во полупразната сала „Арена Загреб“ (7.000 гледачи) по голема и неизвесна борба заврши без победник 30-30 (14-14).

Ohridnews