Новиот квалитетен настап на големите собири на Кирил Лазаров не беше доволно Македонија да ја „преживее“ првата рунда и да обезбеди пласман во главната фаза. „Црвено жолтите“, во одлучувачкиот натпревар комплетно потфрлија и изгубија од Австрија со 32-28. Покрај капитенот, светла точка на македонската ракометна репрезентација беа навивачите кои во „Штад Хале“ во Виена го оставија гласот на трибините.
- Со ладна глава ќе треба и мора да ги анализираме работите од почетокот. Реков дека можеме да се носиме со Австрија, но не одигравме како што треба. Голманот на Австрија се разбрани, ја крена екипата и публиката и тоа беше почеток на нашиот крај. На сите нас не изненадија со играта против мене во одбрана и не натераа да правиме многу грешки од кои примивме лесни голови. Големо богатство е да се има толкава поддршка во туѓа земја. За крај би им се заблагодарил на сите македонски навивачи. Заслужуваме секаква критика и остануваме должни до наредниот пат. Капа до под за сите Македонци кои не бодреа, го почувствувавме тоа. – изјави Лазаров.
Македонската репрезентација се наоѓа пред крстопат и многу важно е да го фати правецот по кој се движеше повеќе од една деценија.
OhridNews