Најдобриот македонски репрезентативец Кире Лазаров повторно блескаше на гостувањето на Загреб кај Флензбург во последното коло од Лигата на шампионите, кој хрватскиот тим го загуби со 36 : 29.

Лазаров 13 пати ја затресе мрежата на  германскиот тим, во натпревар  кој немаше резултатско значење, бидејки ден претходно ремизираа Хамбург и Портланд Сан Антонио, со што Хамбург го осигура патот до полуфиналето.

Кире Лазаров е на врвот на листата на најдобри стрелци во ракометната Лига на Шампиони со 95 постигнати гола. Единствен ракометар кој е најблиску до  нашиот интернационалец е Маркус Ахим од Кил, кој досега има постигнато 71 гол, но неговиот тим обезбеди минимум уште две средби, во полуфиналето.

Познати се четирите екипи кои ќе се борат за трофејот во ракометна лига на шампиони. Германско-шпанска пресметка не очекува во полуфиналето откатко таму пласман обезбедија  германските Хамбург и Кил, како и шпанските тимови Сиудат Реал и Барселона.

Жребот за полуфиналните натпревари е закажан за вторник.