Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е на врвот на листата на стрелци по првите три кола од Лигата на шампионите.


Кире кој лани со 93 гола беше втор на листата, противничките мрежи ги затресе 24 пати што е за еднаш повеќе од  ланскиот најдобар стрелец, Филип Јиха од Кил со 23, исто толку гола дал и Давид Кацирц од ПИК Сегед.