Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е најдобар десен бек во светот во изборот на „Хенбол планет“.


Во изборот на специјализираниот ракометен портал учествуваа новинари и фанови кои го одбраа Лазаров за најдобар десен бек за 2014 година пред Марко Вуји, Ласло Наѓ и Ренато Вугринец.

Според вкупниот број на гласови Лазаров се најде на четвртата позиција по неговиот соиграч Никола Карабатиќ, Микел Хансен и голманот Никлас Лендин.

Мх.П.