Капитениот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во интервју за интернет страницата на Лигата на шампиони, вели дека на Светското првенство во Катар, коешто ќе започне во првата седница од јануари, тој и соиграчите ќе се обидат да изборат пласман на Олимписките игри во Рио.
„Искрено нашите амбиции во Катар се високи. Имаме многу искусни ракометари и откако имавме одредени проблеми во Данска, мислам дека дојде време да покажеме на што се сме спремни во Доха. Наша цел е да бидеме подобри од Светското првенство во 2013 и Европското првенство во 2014 година. Оптимисти сме и покрај тешката група и очекувам многу наши навивачи да пристигнат во Катар и покрај дистанцата. Тоа ќе не направи посилни. Сакаме да одиме чекор по чекор и невозможно е да го предвидиме финалниот резултат. Сакаме да го искористиме овој Мундијал да го оствариме нашиот голем сон и да се пласираме на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Со генерации сон на нашите навивачи е олимпијадата и првиот голем чекор е добар резултат во Катар за место во квалификациите за големиот настан“ заклучи Лазаров.
На прашањето, пак, дали е one-man show во нашата репрезентација, рече дека „Македонија е тим, а јас сум дел од тимот“, вели Лазаров во делот од интервјуто во кое уште говори и за загубеното полуфинале од Фленсбург минатата сезона, како и за амбициите на неговиот клуб Барселона во тековната сезона.
Инаку, Лазаров во четвртокот беше избран за најдопбар десен бек во светот за 2014 година. Признанието за капитенот на макеоднската ракометна репрезентација доаѓа од 23-ца новинари и посетителите на интернет страницата на handball-planet
„Макфакс“