Едни од најдобрите ракометари на денешницата Кирил Лазаров и Микел Хансен (најверојатно) клупската кариера ќе продолжат во нови средини.

Лазаров кој ја доби улогата селектор на Македонија се наоѓа на излезни врати од Нант, откако клубот го ставил на трансфер листа. Десниот бек според сите очекувања и развој на настаните треба да ја заврши кариерата и комплено да се посвети на селекторскиот ангажман.

Данската супер ѕвезда Микел Хансен ќе го напушти Пари Сент Жермен и ќе се пресели во Алборг. Хансен со данскиот клуб ќе потпише тригодишен договор каде што најверојатно ќе ја заврши кариерата.

OhridNews