–
Го одигравме можеби најслабиот натпревар во последните години – се првите впечатоци на капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров по поразот на Македонија од Португалија со 32-25.
–
Тоа што ни се случи со Швајцарија, ни се повтори и овде во Еспињо. Големи падови во играта не се дозволени за една амбициозна репрезентација. Тоа противникот го казнува експресно. Можеби занесени од добрата играта и огромната гол разлика со Швајцарија, подсвесно помисливме дека сме многу силни и покрај проблемите со кои се соочувавме во претходните денови – смета Лазаров
По поразот од Португалија секако дека не е се загубено, но ќе мора да се оди по потешкиот пат.
– Од овие работи можат да се научат големи поуки. Затоа што ништо не е загубено. Сеуште ние сме големи фаворити за пласман во Данска. На грешките се учи. Ја загубивме „битката„ но не и „војната„ – проача Лазаров од својата официјална веб страница.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com