Македонските репрезентативци Кирил Лазаров, Филип Миркуловски и интернационалците Дарко Станиќ и Тимур Дибиров ќе бидат дел од светската селекција пишува „Спортмедиа“.
Репрезентацијата сочинета од врвните ракометари од целиот свет ќе одигра ревијален натпревар со селекцијата на Египет по завршување на бараж средбите за мундијалот во Катар.
Единствен наш ракометар, кој некогаш бил дел од вакви собири е легендарниот Пепи Манасков, кој настапи во прошталниот натпревар на Андреј Лавров во Москва.
Покрај репрезентативците на Македонија и ракометарите на Металург и Вардар за селекцијата на светот ќе настапат Карабатиќ, Агинагалде, Шмал, Вори, Дувњак, а селектор ќе биде Хрватот, Славко Голужа.
Мх.П.