Новинарите на интернет страницата специјализирана за ракометниот спорт, „Хандбалл-Планет.цом“, објавија листа на десетте најголеми ѕвезди на претстојното Европско првенство, чии домаќин ќе биде Србија.

Место во Топ 10 на европскиот ракомет има и за капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.

Инаку, на листата доминираат играчите кои играат на бековските позиции, само Германецот Уве Геншхајмер е крилен ракометар. Покрај Македонија и Германија и останатите две селекции кои ќе се натпреваруваат во Б групата имаат свои репрезенти: Ким Андерсон е првата ѕвезда на Шведска, а Филип Јиха ја предводи Чешка.

Разбирливо, место во Топ 10 има и за двајцата, според многумина најдобри светски ракометари во последните неколку години, Никола Карабатиќ од Франција и Ивано Балиќ од Хрватска.

Покрај овие шестмина место во Топ 10 има и за Србинот Момир Илиќ, Кшиштов Лијевски од Полска, Данецот Микела Хансен и Александер Петерсон од Исланд.

ЕП во ракомет ќе започне на 15. јануари, Македонија на стартот ќе игра против Шведска.                    
   

“макфакс“
Ohridnews