Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров сето свое знаење и искуство ќе го преточи во ракометен камп, кој ќе се одржи во Охрид од 22 до 28 јуни.
Лазаров, долго се подготвуваше за неговиот прв ракометен камп, кој се очекува да прерасне во традиционален по завршување на секоја сезона.
– Подготвен сум да одвојам време, подготвен сум цело мое знаење, се што сум постигнал и целото искуство стекнато во текот на кариерата да го пренесам на младите во мојата родна Македонија. – рече Лазаров за неговата официјална интернент страница.
Месец јуни ќе биде во знак на ракометот во Охрид бидејќи свој ракометен камп ќе одржи и најдобрата светска ракометарка од 2012 година, Андреа Лекиќ.
Мх.П.