Капитенот на македонската селекција Кирил Лазаров ќе ги прескокне подготовките во Охрид и на репрезентацијата ќе и се приклучи во Скопје.

Лазаров со екипата на Барселона беше дел од завршниот турнир во Лигата на Шампиони и го освои третото место.

На селекцијата капитенот ќе и се придружи в четврток кога Охрид ќе го замени со Скопје.

Првиот бараж натпревар македонските репрезентативци го играат на седми јуни додека реваншот се игра осум дена подоцна.

Мх.П.