Со доаѓањето на капитенот Кирил Лазаров се комплетираше македонската ракометна репрезентација, која во Скопје се подготвува за Мундијалот во Катар следната година.
– Ние сите потсвесно веќе неколку години се подготвуваме за овој Мундијал. Имаме капацитет и тоа треба да го покажеме на теренот. Јас како капитен верувам во моите соиграчи и се надевам дека ќе имаме успешен настап на Светското првенство во Катар. Таму нема да биде ни малку лесно бидејќи сите репрезентации си имаат свои цели и планови како и ние. Неколку селекции можиме да ги победиме без поголеми проблеми, но ќе мора да бидиме тврд орев за сите останати репрезентации на турнирот – рече капитенот.
На официјална пресконференција Ракометната федерација на Македонија ги презентерираше новите дресови со кои репрезентацијата ќе настапи на Светското првенство.
– Мундијалот ќе биде многу поразличен од другите кои се одржуваа до сега. И ние како Федерација имаме големи очекувања затоа преземаме секакви мерки за што подобри подготовки на ракометарите – рече првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.
Фото : Спортмедиа
Мх.П.