Со десет погодоци капитенот на Македонија, Кирил Лазаров беше најефикасен на дуелот со Грција, кој ги промовираше „црвено жолтите“ во мундијаски патник.
– По оној слаб натпревар во Атина некако им останавме должни на навивачите за ракометен празник. Се надевам ги задоволивме нивните апетити и им направивме да мислат целото лето на ракомет и да не не заборават. Не беше тешко, но сепак ние влеговме многу претпазливо на двомечот со нашиот противник. Сезонава имавме неколку примери дека во ракометот и општо во спортот не победува фаворитот – потенцираше Лазаров.
Избраниците на македонскиот стратег Ивица Обрван голот на грците го напаѓаа и полена со сиот арсенал.
Мх.П.