Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров и неговиот клуб Барселона се најдоа во иста група со македонскиот првак Вардар во Лигата на Шампиони.
Каталонците кои се Европски шампиони прво ќе го пречекаат Вардар пред своите гледачи, а една недела подоцна ќе гостуваат во Скопје.
– Среќен сум што ќе бидеме во иста група со Вардар и што пак ќе играм во Македонија пред нашата публика. Вардар ќе биде поквалитетен од минатата година, ги дуплира позициите. Мислам дека со овој нов систем на натпреварување во Лигата на шампионите повеќе проблеми ќе имаат екипите што имаат јака лига, затоа што и во така напорниот распоред сега ќе биде уште попеколно. Групата воопшто не е битна колку е силна, битно е да сме здрави и во форма од март до јуни. Повеќе или помалку, сите екипи ќе имаат победи и порази во групната фаза, поради новиот систем на натпреварување. – рече Лазаров.
Вардар и Барселона во групата Б се наоѓаат уште со екипите на Пик Сегед, Киелце, Рајн Некар Ловен, Кристијанштад, Колдинг и Монпеље.
Ohridnews