Хрватскиот правк Загреб КО ќе се раздели од својот најдобар стрелец Кире Лазаров доколку не биде постигнат договор со него, соопшти потпретседателот Зоран Гобац.

Хрватскиот првак формираше “страшна“ екипа но не успеа да триумфира во лигата на шампиони, по што најавена е ревизија на договорите на големите звезди во тимот.

– Сите бекови можат да си одат ако не се договориме. Не сакаме никого да избркаме, но нема тука никакви емоции. Балиќ не го оправда вложеното на теренот, а ќе разговараме и со Лазаров и со Џомба. Никој не може да има поголем договор од Игор Вори, а ниту тој нема да добие подобар. Ние не доведувавме играчи поради домашните трофеи, туку поради европски успех – вели Гобац.

Кире Лазаров кој сезонава ја заврши на второто место на листата на стрелци со 93 постигнати гола, има договор со Загреб и за следните две сезони.

ohridnews