Покрај многубројните признанија во сите натпреварувања, во тековната сезона капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со 201 гол во сите седум натпреварувања е водечки стрелец на Барселона оваа сезона.
58 од тие 201 гол, македонецот постигна во Лигата на шампионите каде е прв клубски стрелец. И во Купот на шпанскиот Крал, каде Барса до овој момент одигра три натпревари, Лазаров е најдобар клубски стрелец со 17 гола, а даде и најмногу голови во ASOBAL Суперкупот – 7 гола против Натурхаус Ла Роха.
Вториот новајлија Никола Карабатиќ во севкупниот збир е втор клубски стрелец со 178 гола (најдобар стрелец на клубот во ASOBAL лигата со 94 гола), па следат Виктор Томас со 165, Сергеј Рутенка со 162 и Јаспер Нодесбо со 138 гола.
Севкупно Барселона до овој момент одигра 43 официјални меча и постигна 1593 гола или во просек 37,04 гола по натпревар. А сезоната сеуште трае и ови бројки треба да бидат потврдени, а зошто да не и надминати.
Ohridnews