Селекцијата на Данска и го нанесе првиот пораз на македонската ракометна репрезентација во квалификациите за Европското првенство следната година, победувајќи ја со убедливи 37-21 (17-10), во мечот кој се одигра во Алборг.
Светскиот и олимпискиот првак фаворитската улога ја оправда уште во првиот дел кога обезбеди предност од 7 голови (17-10). Во второто полувреме данците не застанаа, уфрлија брзина погоре и стигнаа до убедлив триумф.
На дуелот во Алборг за Македонија не настапија Кирил Лазаров кој ја имаше улогата само на селектор, Филип Миркуловски кој исто така е дел од стручниот штаб и Стојанче Стоилов кој воопшто не допатува во Данска.
Македонија во последните два мечеви на домашен терен ја пречекува Швајцарија и гостува кај Финска, мечеви кои треба да бидат само потврда за новото учество на големиот континентален собир.
OhridNews