Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и неговиот тим Барселона го освоија трофејот во шпанскиот АСОБАЛ куп.
Во финалето од Купот, Лазаров и соиграчите го совладаа Грањолерс со 34:28 (20:15) и ја додадоа деветтата титула во витрините од Барселона.
За капитенот на националната селекција ова е втора титула од Купот, а ја зачини со три голови и асистенции.
Мх.П.