Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и неговата екипа Атлетико Мадрид се победници на ИХФ Супер Глоуб турнирот кој се играше во Катар. Во големото финале “јорганџиите“ го совладаа германскиот Кил со 28-23 (13-13) и им се реваншираа за поразот во ланското финале од Лигата на Шампиони.


Македонскиот бомбардер Лазаров одигра на исклучително ниво и покрај тоа што беше под силен психолошки притисок поради смртта на неговиот татко, вест која Кире ја примил во далечниот Катар. Лазаров во разговор со тренерот Душебаев решил да го одигра мечот против Кил на кој ракометарите на Атлетико Мадрид носеа црни ленти.

Мх.П.