Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и неговата екипа Атлетико Мадрид претрпеа пораз 22-25 во дерби пресметката со Барселона.

Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров не беше шутерски расположен и постигна само три погодоци премалку да се добие Барселона.

На голот од “блауграната“ брилираше Штербик со 16 интервенции, а најпрецизен ракометар на мечот беше Ентрериос со девет голови.

Мх.П.