Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид ја совладаа Барселона 31-28 и се пласираа во финалето од Кралскиот клуп.

Играчите на Атлетико Мадрид конечно најдоа лек за Барселона, која ги елиминираше во Лигата на Шампиони и им ја зеде титула во АСОБАЛ лигата.

Капитенот на македонската репрезентација Лазаров постигна шест голови колку и Канелјас и Агинагалде. Најпрецизен со осум голови на полуфиналниот натпревар беше Томас од тимот на Барселона.

Мх.П.