Македонската ракометна репрезентација по стартниот пораз од Норвешка, вечер ќе го игра натпреварот од второто коло на Светското првенство 2023. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Холандија за која селекторот Кирил Лазаров искажа многу комплименти.
Холандија е екстра квалитетна репрезентација која игра модерен и квалитетен ракомет. Во секој момент знаат што прават, и офанзивно и дефанзивно. Ќе треба многу да се помачиме ако сакаме да победиме. Добро ја анализиравме нивната игра. Имаме шанси, треба позитивно да размислуваме. Хендикеп за нас е повредата на Томислав Јагуриновски кој ќе ни недостасува. Ќе се обидеме да одиграме квалитетно во текот на целиот натпревар, треба да бидеме на ниво 60 минути за да победиме. Без разлика на високиот пораз од Норвешка, расположението во репрезентацијата се враќа. Ако сакаме оваа репрезентација, оваа нова генерација да расте, ние на секој натпревар треба да влегуваме со самодоверба и да играме на победа, изјави Лазаров.
Натпреварот во Кракот е закажан за 18 часот.
Второто коло во Ф-групата ќе се комплетира вечер со средбата Норвешка – Аргентина (почеток 20:30 часот).
OhridNews