Македонскиот вицепрвак Вардар полесно од очекувањата го совлада рускиот состав на Чеховски Медвиди и прокнижи нови два бодови на табелата во групата.

– Ракометарите на Чеховски Медведи не се толку слаби колку што гласеше резултатот на крајот од мечот. Тремата и неизвесноста пред натпреварот си го направија своето, но најголем плус добивме од трибините каде атмосферата беше неверојатна – рече капитенот на „црвено црните“ Филип Лазаров.

Германскиот бундеслигаш Рајн Некар Ловен е следен противник на Вардар во третата рунда од групната фаза од ЛШ.

– Тие според мене се најквалитетната екипа во Германија. Нема да биде вака како на дуелот со Чеховски Медведи, но ние ќе направиме се оваа арена да биде непосакувана за сите кои ќе гостуваат тука – потецираше Немања Прибак.

Мх.П.