Својата играчка и голгетерска величина капитенот на Македонија, Кирил Лазаров ја потврди уште еднаш во квалификациите за Европското првенство во Полска.
Лазаров недоволно опоравен настапуваше на мечевите со Швајцарија и Чешка кои Македонија ги доби и обезбеди пласман на континенталниот собир следната година.
Со 12-те погодоци во одлучувачкиот меч со Чешка македонскиот бомбардер широко и ги отвори вратите на селекцијата за четврто учество на европските првенства.
Тој со 17-те голови на двата последни мечеви во групата стигна до 56 вкупно и се закити со наградата најдобриот стрелец во квалификациите.
Осум помалку од Лазаров на втората позиција има турскиот репрезентативец Доне Рамазан додека со 42 погодоци третата позиција ја обезбеди Драган Гајиќ од Словенија.
Мх.П.