Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го скрати списокот на 24 ракометари со кои ќе се подготвува за настап на претстојното Европско првенство (ЕП).

Во изборот на селекторот се најдоа шестмина интернационалци, додека преостанатите се од домашното првенство. Македонските ракометари на ЕП се во група со Данска, Словенија и Црна Гора, а натпреварите ќе ги игра во Дебрецин. Прв противник на избраниците на Лазаров ќе биде Словенија на 13 јануари.

Повикани ракометари за подготовките за настап на Европското првенство 2022 се Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Марко Митев, Горан Крстевски, Костадин Петров, Христијан Симоноски, Кирил Лазаров.

OhridNews