Името на охридскиот ракометар Михајло Младеновиќ се најде на финалниот список од селекторот Кирил Лазаров за последните два квалификациски мечеви на Македонија, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

На списокот од Лазаров се најде 21 ракометар, а дополнително како резерви се одредени тројца ракометари.

На македонската ракометна репрезентација во мечевите со Финска нагости и со Швајцарија дома и треба една победа за теоретски пласман на ЕП. Првиот меч против Финска, Македонија го игра на 28 април, а со Швајцарија силите ќе ги одмери на 2 мај.

Списокот на Лазаров:

Списокот и дополнителните три резерви на македонската ракометна репрезентација.

OhridNews