Најдобриот македонски репрезентативец Кире Лазаров е на добар пат да го сруши 14 години стариот рекорд на кореанецот Јун, по бројот на постигнати голови на едно СП.

Лазаров во првите пет натпревари во Вараждин постигна 53 гола, додека кореанецот Јун на СП во Исланд 1995 постигна 86 гола.

Кире “национале“ рекордот ќе го брка во Задар каке Македонија ќе одигра три натпревари во главната фаза против Норвешка, Данска и Србија.

На Мундијалот во Исланд, Кореа заврши на 12 место. Златна беше Франција откако во финалето ја совлада Хрватска.

ohridnews