Најдобриот ракометар во Македонија, Кирил Лазаров се врати во тренажен процес во екипата на Нант, откако успешно го преброди коронавирусот.

Лазаров во текот на битката со вирусот ковид -19 беше без симптоми и во домашна самоизолација. Десниот бек, во текот на утрешниот ден ќе направи детални лекарски прегледи, и ако е се во ред ќе може да конкурира за мечот со Данкер, во француската ракометна елита.

Периодот во самоизолација Лазаров го помина во едукација и печење на тренерскиот занает, од неговите поранешни предводни, Чави Пасквал односно Лино Червар.

OhridNews

 

Кирил Лазаров го пече тренескиот занает, Червар и Пасквал се неговите ментори