Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави список на повикани ракометари кои ќе конкурираат за место на претстојните натпревари со репрезентаците на Луксембург и Турција.
На списокот на Лазаров се најдоа:
голман: Никола Митревски, Марко Кизиќ и Мартин Томовски
лево крило: Дејан Манасков, Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ
десно крило: Ненад Костески и Гоце Георгиевски
пивот: Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Костадин Стојковиќ
десен бек: Томислав Јагуриноски и Мартин Серафимов
лев бек: Филип Талески, Павле Атансијевиќ и Иван Џонов
среден бек: Филип Кузмановски, Игор Ѓорѓиев и Марко Митев
дефанзивец: Михајло Младеновиќ
„Црвено-жолтите“ ќе играат во Група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.
На 12 октомври во Скопје, македонската репрезентација ќе го пречека Луксембруг, а четири дена подоцна (16 октомври) ќе гостува во Ван против селекцијата на Турција.
OhridNews