Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров со својот тим, шпанскиот Сиудад Реал за противник во четвртфиналето во Лигата на шампиони го доби германскиот Фленсбург.
Првиот натпревар Лазаров и Реал ќе го одиграат на гостински терен, реваншот ќе се одигра во Шпанија.
Дерби пресметката во оваа фаза во Лигата на шампиони е дуелот помеѓу минатогодишните финалисти, вицепрвакот Барселона и актуелниот европски шампион Кил. На другите две средби Хамбург ќе игра со Чеховски Медведи, а Рајн Некар Ловен за противник го доби францускиот Монпеље.
Првите средби од четвртфиналето ќе се одиграат од 20 до 24 април, возвратните дуели на програмата ќе бидат од 27 април до 1 мај.
“извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com