Не само што се извлече од пораз Барселона во Скопје туку успеаја да го освои целиот плен победувајќи го Вардар (27-25). Каталонците не потклекнаа пред „црвено црниот“ налет кој траеше многу долго на мечот одигран пред повеќе од 6 000 гледачи.
– Се подготвуваме психолошки за овој натпревар што беше евидетно на теренот. Во ниту момент покрај негативата не ја загубивме главата што со сигурност ќе значеше пораз со голема разлика на семафорот. Нашата стрпливост не одведе во неизвесна завршница, а таму пак покажавме голем тимски дух. – рече Лазаров.
Во двата мечеви македонскиот првак му покажа заби на европскиот и докажа дека е зрел за пласман на Ф4 во Келн.
– Вардар воопшто не потфрли и одигра маестрелно на двомечот против нас. Клубот има квалитет, екипата има дрскост и јас ги чекам на завршниот турнир во Келн. – додаде македонскиот репрезентативец кој беше пречекан со овации.
Барселона сигурно чекори кон првата позиција во групата која носи директен пласман во 1/4 финалето.
– Атакуваме на титулата нема тука скриени амбиции и сите сакаме да ја одбраниме бидејќи на никој клуб не успеал тоа по менувањето на системот во ЛШ. – заврши Лазаров.
ЛШ : Европскиот првак му „избега“ од раце на Вардар
Фото : Екипа.мк
Мх.П.