Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи со кој состав ќе се спротивстави на Португалија.

На списокот на Лазаров се најдоа:
Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Мартин Томовски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Костадин Петров и Марко Мишевски.

Натпреварот ќе се игра од 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024. Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола.

OhridNews