Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, постигна 10 гола во завчерашната победа на Загреб КО против норвешки Фулинген (35-23), со што се искачи на врвот од листата на стрелците во ракометната Лига на шампионите (ЛШ).

Македонскиот бомбардер досега има постигнати вкупно 62 гола во елитното ракометно европско натпреварување. Веднаш зад него, со еден гол помалку, е најдобриот стрелец на екипата на Виве Киелце, Растко Стојковиќ. Лазаров досега двапати беше најдобар стрелец во ракометната ЛШ, и тоа во сезоната 2005/06 како член на унгарски Веспром и  во сезоната 2007/08 како ракометар на сегашниот тим Загреб.

Ohridnews