Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров денес ќе му се стави на располагање на в.д. селекторот Илија Темелковски, за двомечот со Португалија за баражот за мундијалот “Хрватска 2009“.

По остварените контакти на релација РФМ – Лазаров, капитенот на нашата селекција и првиот стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона, потврдил дека ќе и се приклучи на репрезентацијата на попладневниот тренинг, на кој се очекува и Владимир Митков од германскиот бундеслигаш Вецлар.

Првиот дуел со Португалија го играме во Скопје, на 17. јануари (четврток) во 17.45 а реваншот е три дена подоцна во Гимараеш.

ohridnews