– Чест и задоволство ми е што во наредниот период ќе бидам дел од спортската институција Барселона. Ова за мене е уште еден чекор понапред во мојата кариера и се надевам со мојот придонес , Барселона ќе биде поквалитетен тим, кој ќе остварува како и секогаш зацртаните цели. Добро ми е познат системот на игра, бидејќи веќе подолго време сум учесник во ASOBAL лигата и сигурен сум дека брзо ќе се вклопам во него – рече Лазаров.
Капитенот на Македонија нема среќа во финалните натпревари во Лигата на Шампиони. Лазаров во два настапи има претрпено два порази од германскиот Кил 26-21 (2011-12 година) и една година претходно од неговиот нов клуб Барселона со 27-24.