Првиот дел избраниците на Душебаев го почнаа бавно во нападот и премногу комотно во одбраната. На полувреме имаа негатива од три голови разлика односно 15-12. Во вториот дел Лазаров распука постигна осум голови, а 11 вкупно. Одбраната одигра цврсто примајќи само осум погодоци во вторите 30 минути.
– Многу сме среќни за пласманот во финалето. Одигравме крајно лошо прво полувреме, но не престанавме да веруваме во нас. Ја прифативме нивната игра, што резултатираше со негатива. Во втората половина се договоривме да играме борбено, подигнувањето на играта во нападот и одбраната не однесе на правиот пат, во финалето – истакна македонскиот “бомбардер“ Лазаров.
Последна пречка за македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид за освојување на златниот медал од Лигата на Шампиони, е германски Кил. Финалето се игра денеска со почеток во 18 часот.