Во Астана, Казахстан, од 18-ти до 26-ти август се одржа Светско Таеквон-до ИТФ првенство, на кое учествуваше репрезентацијата на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (МТТФ) под водство на Марјанчо Лазаревски, поранешен светски вицешампион во Прага во 1996 година.

Репрезентацијата на МТТФ беше претставена од претседателот Лазаревски и Зоран Парулески, потпретседател на МТТФ како официјални лица и натпреварувачите: Христијана Парулеска, најдобра кадетка во Европа Јесоло 2023, Европски шампион во спаринг борби Јесоло 2023, Европски вицешампион во форми (борба со замислен противник) Јесоло 2023, Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022 година, потоа Елена Јанеска, Европски вицешампион во спаринг борби во Пореч во 2022 година и Давид Крстески, Европски вицешампион во спаринг борби во Пореч во 2022 година, Европски брозен медал во форми (борба со замислен противник) во Римини во 2019 година.

Успехот на нашата репрезентација не е случаен, пред се и поради долгогодишната поддршка, вложувања и труд на нашиот генерален спонзор „ПН Метал“, кои верувајќи во нас, континуирано последните 10 години, не носат во нови победи и успеси и се најзаслужни за сите наши успеси. Веруваа во нас кога никој не веруваше, подавајќи ни рака и овозможувајќи на сите наши натпреварувачи, можност за учество на сите натпревари ширум Европа и Светот, на кои имаат постигнато голем број на државни и меѓународни успеси,како што е и последниот успех од Светско Таеквон-до ИТФ првенствово Астана-Казахстан, со кои се гордее цела Македонија. Можеме да каземе дека настапот на на МТТФ на Светското Таеквон-до ИТФ првенство во Астана, Казахстан, на кое учествуваа над 1.000 натпреварувачи од 83 земји ширум светот е повеќе од успешен. Настапивме со тројца натпреварувачи, кои натпреваруваа во две дисциплини – Форми (борби со замислен противник), Спаринг борби, а имаше и натпревар за најдобра слика во текот на подготовките за Астана, е повеќе од успешен настап, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ.

Лазаревски потесети и на успесите на младите спортисти каде Давид Крстески освои 5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан ,победувајќи ги претставниците од Хондурас и Бугарија, додека во 1/4 финале беше оштетен од страна на судиите, во корист на претставникот од Аргентина.

Елена Јанеска, 5 место во спаринг борби, јуниорки 16-17 години, победувајќи ја претставничката на Узбекистан, додека во 1/4 финале беше оштетена од страна на судиите, во корист на претставничката од Русија, која беше прва во нивната категорија, како и 2 место за најдобра слика, во конкуренција од над 500 слики ширум светот, во текот на припремите за Астана, на која лично и додели награда (добок и ранец), директорот на „Дае До“, генерален спонзор на ИТФ.

Христјана Парулеска овои 3 место во спаринг борби, јуниорки 14-15 години, победувајќи ги претставничките од Русија и Канада, додека во 1/2 финале против Грција, иако водеше 4:1, мораше да ја предаде борбата поради повредата од 1/4 финале, а со тоа ни избега и златото, кои сме сигурни дека ќе го земеше, доколку не се повредеше, како и 5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан, победувајќи ги претставничките од Монголија и Русија.

Покрај до Генералниот спонзор „ПН Метал“ Лзаревски упатува благодарност и до Агенцијата за млади и спорт, Општина Охрид, како и до сите медиуми и интернет портали за безрезервната поддршка.

OhridNews