ВМРО-ДПМНЕ работи директно на штета на граѓаните и ги кочи сите проекти кои значат подобрување на нивниот стандард, обвини денеска на прес конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ.

-Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска веќе четврти ден не закажува продолжение на седницата на која што требаше да дискутираме за Предлог законските решенија за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија. СДСМ како одговорна партија, работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица. Откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, сега ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокира и е против проектите кои ќе овозможат развој и напредок, а се единствено во интерес на граѓаните. – рече Лазаревска.

Како што објасни пратеничката од Охрид, станува збор за долгови направени во периодот до 31 декември 2017 година, кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководеа со овие институции. Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат каматите и да ги репрограмираат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија. Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава, додаде Лазаревска..

Таа ги повика Кузмановска и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ги блокираат овие закони, да ги повлечат илјадниците амандмани и да ја деблокираат работата на Комисијата за финансирање и буџет.

OhridNews