Со цел да ја надминеме нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, УИНТ „Св. Апостол Павле“-Охрид, како и во Универзитетот „Мајка Тереза“, предложивме измени на Законот за високото образование, вели пратеничката Жаклина Лазаревска.

Со измените  ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите, потенцира Лазаревска.

Инаку, денес вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективени договори или изнаоѓање на законска рамка за пристапување спрема Kолективниот договор со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Во спортивно потенцираа ќе ги дефинираат следните чекори како да продолжи протестот и на кое место се со цел исполнување на нивните барања.

OhridNews