Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти рече на денешната прес конференција пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска.
Работиме на достоинствено вреднување на трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта, вели Лазаревска.
Додава дека продолжуваат со капиталните инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети.
Значително е зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, нивниот број оваа учебна година ќе биде 720. Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици, потенцира Лазаревска.
Оваа учебна година, вели, зголемен е бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, на 200 со опфатени 2700 ученици и вклучени 400 компании.
СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието, за наставниците, за учениците, додава Лазаревска.
OhridNews