СДСМ најостро го осудува чинот на остранување на спомен плочата на НОБ во Охрид. Бараме локалната власт на ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност, рече на денешната прес конференција пратеничка на СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво дело. Кој ќе ја сноси одговорноста и кој дозволил да се случи вакво нешто одговор треба да даде градоначалникот од ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Насилното тргање на спомен плочата од НОБ е последица на хаосот кој владее во Охрид и дозволеното самоволие, вели Лазаревска.

Посочува дека локалната власт на ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков дозволуваат самоволие, урбано дивеење и уништување на споменици од НОБ.

Ова е уште една потврда, ДПМНЕ воопшто не се грижи за историското минато и антифашистичката борба туку само за бизнис интересите на поединци. Само поради нивните бизнис интереси во ризик е културното и историското значање на Охрид. Охриѓани очекуваат одговори од градоначалникот Пецаков кој ќе понесе одговорност, додава Лазаревска.

Реакции за отстранувањето на спомен плочата имашe и од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска која побара надлежните институции итно да го разјаснат отстранувањето на спомен плочата од НОВ во центарот на Охрид, како и од ОО на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца и од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

Од ОО СБ како што посочија од Кабинетот на Пецаков добиле уверување дека за брзо ќе биде вратена на старото место.

OhridNews