Учебната година треба да продолжи во интерес на учениците и образованието. Правото на штрајк е уставно загарантирано но, исто така и правото на образование кое не смее да биде нарушено. Интересот на децата, на нивното образование мора на сите да им биде приоритет, без уцени, туку со разум да се пристапува, да се разговара и преку дијалог да се дојде до решенија, рече на денешната прес конференција пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.
Одбивањето на предлогот на Владата предводена од СДСМ за зголемување на платите за 10 отсто и нова методологија за постојан раст на платите од страна на СОНК, покажува дека раководството на овој синдикат не се води од интересите на наставниците и учениците. Во време на глобална економска и енергетска криза, раководството на СОНК одбива значително покачување на платите во просек од над 2.500 денари. Се одбива на овој начин вкупно покачување од 31% процент на платите за период од неколку години, вели Лазаревска.
Тоа не е разумен став, вели Лазаревска, туку уценувачки, кон образованиот процес, и кон самите ученици и нивните родители. Платите во образованието и оваа година ќе се покачат, додава, но истовремено ќе се создаде нова методологија со која платите на наставниците ќе растат во континуитет.
Пролонгирањето на учебната година ќе создаде нови проблеми кои на крајот ќе бидат врз грбот на учениците, родители и наставниците. Затоа, потребно е раководството на СОНК да престане со уцените, да се врати на дијалогот, учебната година да продолжи во интерес на децата и учениците, додава Лазаревска.
Потсетува дека СДСМ со бројни мерки и политики, покажала дека го цени и го вреднува трудот на наставниците, професорите, на сите работници, покачувајќи ги платите за 21%, пет пати повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се покачија едвај за 4%, но и дека се подобрени условите за работа во воспитно образовните институции.
Реконструиравме и изградивме над 80 училишта, а за оваа година за капитални инвестиции во образованието издвојуваме над една милијарда денари. Изградивме стотици училишни спортски сали, исто така оваа учебна година опремивме 264 кабинети по природни науки и издвоивме 54 милиони денари за образовни асистенти кои веќе им се на располагање на децата со попреченост. Од 2017 година досега отвориме 61 градинка а годинава ќе се отворат дополнителни десет нови детски градинки, вели Лазаревска.
OhridNews