СДСМ успеа за неполни три години да ја извади државата од финансискиот пустош во којшто беше оставена. Ја кренавме на нозе економијата во време кога се обезбедуваше слободата во општеството и кога се решаваа клучните стратешки прашања за државата. Успешно се справивме и со економските ефекти на коронавирусот. Ова денеска на прес конференција го изјави Жаклина Лазаревска, кандидат за пратеик од коалцијата „Можеме“ предводена од СДСМ во 5 Изборна единица.
Повикувајќи се информации од Министерството за финансии, Лазаревска рече дека наплатата на приходите во јуни е значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. Реализацијата на приходите во јуни е за 9.6% пониска во однос на јуни минатата година, додека во сценариото бевме подготвени да бидат за 20% пониски. По падот од 31% и 29% во април и мај во јуни се забележува позитивно придвижување и подобрена наплата кај даноците, посочи таа.
Во новиот мандат уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми, а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции. До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%. Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат. Додека трае кризата, се обврзуваме да ја задржиме минималната плата во висина од 14.500 денари а по завршувањето на кризата, СДСМ ќе обезбеди раст на минимална плата до 40% до крајот на мандатот. Просечната плата до крајот на мандатот ќе порасне до 30%. Ќе продолжат да растат платите во образованието и здравството. – рече Лазаревска.
Кандидатката за пратеничка од СДСМ најави дека идната влада предводена од коалицијата „Можеме“ ќе вложи нови 2 милијарди денари во активните мерки за поддршка на вработување и самовработување и бројни даночни олеснувања.
До 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме до 0%. Целосен поврат на персоналниот данок за обука, дообука и преквалификација. Субвенционирање од 49% на обуки за преквалификација и неформално образование. Неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и жени за отворање сопствени бизниси во кои државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех. Поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат директно на сметките на младите. Нова повисока минимална пензија од најмалку 10.700 денари за сите. – истакна Лазаревска.
OhridNews