Денес на 22 седница на Комисијата за образование, наука и спорт беше изгласана потребата од донесување на Предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола. Предлагачи на овој закон се пратениците од редовите на СДСМ: Ненад Коциќ, Жаклина Лазаревска, Бети Рабаџиеска Наумоска и Миле Талески.
Со основањето на Мединцински факултет како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола ќе се постигне висок степен на образование и обука за студенти кои ќе станат лекари, обезбедувајќи ги потребните знаења и вештини, допринос во истражување и иновации во областа на медицината што може да вклучува нови технологии, лекови и терапии повлекување на истражувачки проекти и активности што ке придонесат кон напредокот на медицинската наука и пракса. Создавање на квалитетни здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението, потенцираше Лазаревска.
Исто така, додава Лазаравска, ќе се допринесе во создавањето на нов и стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.
Овие цели помагаат во изградбата на квалитетен медицински систем и обучување на лекари кои можат да одговорат на здравствените потреби на заедницата и заедно создаваат здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ке придонесуват кон напредокот и здравјето на општеството.
Барањето е насочено кон тоа Факултетот да почне со работа од академската 2024/2025година, а како единици во состав на Факултетот се предлагаат: отсек Општа медицина, отсек Стоматологија, отсек Фармација и Висока медицинска школа.
За наставните бази на Факултетот, пак, се прелагаат Клиничка болница Битола, Специјална болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид и Специјална болница за нефрологија Струга.
OhridNews