Управата на кичевскиот второлигаш Напредок ја прифати оставаката на охриѓанецот Драган Бочески и на негово место го постави Баже Лазаревски, кој на стартот на минатата сезона работеше во скопски Металург.

Паузата во првенството сигурно ќе биде искористена новиот стратег на Напредок добро да ги запознае фудбалерите и да им ги предочи своите планови за сезоната. Неговото искуство и квалитет ќе придонесат нашиот клуб по една сезона се врати во првата лига велат од клубот.

ohridnews