Српскиот ракометар Лазар Петровиќ кариерата ќе ја продолжи во Шведска. Десниот бек кој минатата сезона ја помина во Охрид обезбеди трансфер во клубот Варберг кој го промовираше на својата официјална страница на социјалните мрежи.
- Срдечно добре дојде му посакуваме на Лазар Петровиќ. Тој со клубот поптипа двогодишен договор. Многу сме среќни и задоволни што го ангажиравме Петровиќ кој е млад и искусен ракометар играјќи за Охрид во најсилната македонска лига. – стои во соопштениет на клупската страница на Фејсбук.
Петровиќ во Охрид се пресели од белградски Партизан. Тој играше за првата екипа, но беше дел и од младинскиот состав кој се закити со сребрениот медал на завршницата. Разделбата со Петровиќ е вкупна трета за охридскиот состав. Дел од клубот следната сезона нема да бидат уште Златко Везенковски и Стефан Трпчевски.
OhridNews