Српскиот интернационалец Лазар Адамовиќ го одигра најдобриот свој натпревар во охридскиот дрес на дуелот со Пелистер постигнувајќи шест погодоци. Десниот бек погодуваше кога беше најпотребно, а со шестиот погодок стави точка на победата.
– Тежок, многу тежок натпревар и победа која оди на душата од тимот. Цело време констатно се бодревме и си помагавме на теренот што вроди со плод затоа уште еднаш ќе кажам оваа тимска победа. Јас лично на почетокот од мечот не бев убеден во победа, но како што одминуваше времето верував дека можеме и за среќа успеавме. – рече Адамовиќ.
Победнички танц на „гладијаторите“ во супер дербито со Пелистер
Фото: Емоциите посилни од херојот Благојче Трајкоски !
Касим Каменица: Кукавички не се игра за Пелистер
OhridNews